23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Вардар есенски првак

ПМФЛ: Вардар есенски првак

prva liga

Фудбалерите на Вардар, на коло до крајот на есенскиот дел од сезоната, ја освоија титулата, откако стекнаа пет бода предност во однос на Шкендија.

Силекс во второто дерби на 17.коло славеше над Шкендија со 3:1. Головите во Кратово беа постигнати во второто полувреме, Георгиев од пенал погоди во 48.минута, потоа Недељковиќ во 65-та ја зголеми предноста, Ибраими го намали резултатот во 73.минута, а Недељковиќ четири минути подоцна го постави конечниот резултат.

Хоризонт Турново славеше над Брегалница со 2:0 со головите на Танушев и Мулишев, а Шкупи го декласира тимот на Младост со 5:0. Бајрами, Максути и Демири постигнаа по еден, а Османи два гола.

Во ова коло одложен е мечот Ренова-Металург, додека во саботата Работнички и Вардар во дербито одиграа 1:1.

Табела: 1. Вардар 40, 2.Шкендија 35, 3. Силекс 26, 4. Шкупи 24, 5. Работнички 23, 6. Турново 20, 7. Ренова (-1) 17, 8. Брегалница, 9. Младост 13, 10. Металург (-1) 12.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП