19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTAG Heuer го зголемува производството на паметните часовници

TAG Heuer го зголемува производството на паметните часовници

hoerce

Швајцарскиот производител на часовници „TAG Heuer“ ќе го зголеми производството на своите паметни часовници во наредните месеци, откако доби барања од трговците на мало, агентите и добавувачите за повеќе од 100.000 часовници, тврди шефот на бизнисот со часовници на „LVMH“ (Moet Hennessy Louis Vuitton), цитиран од „Bloomberg“.

Според зборовите на Жан-Клод Биве, „TAG Heuer“ си постави за цел да произведе 2.000 уреди неделно, во споредба со сегашните 1200. Онлајн продажбата на нејзиниот „Connected Watch“ ќе бидат прекината веројатно до мај или јуни, за да се даде приоритет на физичките продавници, коментира тој.

„LVMH“ е меѓу ретките компании кои го пуштија конкурентот на популарниот „Apple Watch“ во сегментот со „high-end“ уреди.

Производителот на часовници минатиот месец го претстави својот паметен часовник кој чини 1.500 долари. Тој е создаден во партнерство со „Google“ и „Intel“.

„Со оглед на успехот на овој уникатен часовник, ние ќе развиеме колекција до крајот на следната година и почетокот на 2017-та година“, изјави Биве. Тој тврди дека подобрен модел може да е направен од злато и дијаманти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП