18 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦ.звезда и Баерн блиску до Топ 16

Ц.звезда и Баерн блиску до Топ 16

euroleague000

Кошаркарите на Црвена ѕвезда и Баерн Минхен забележаа победи во осмото коло, во А групата во Евролигата и дополнително ја закомпликуваа ситуацијата во оваа група за пласман во Топ 16 фазата.

Црвена ѕвезда, во најубавиот меч кој се одигра во петокот, славеше над Химки со 96:91. Цирбес со 27, односно Милер со 25 поени го предводеа белградскиот тим до победата, додека Швед кај Химки постигна 28 поени.

Баерн лесно славеше во Стразбур со 82:69 и најверојатно дуелот на овие два тима, во Белград во последнотo коло, ќе решава кој ќе оди во Топ 16 фазата.

Група А:

Црвена ѕвезда-Химки 96:91

Стразбур-Баерн 69:82

Реал-Фенербахче 80:73

Табела: Фенербахче 6-2, Химки, Ц.ѕвезда, Баерн 4-4, Стразбур, Реал 3-5

Група Б:

Цедевита-Ефес 75:81

Лаборал Куча-Лимож 92:56

Олимпијакос-Армани 73:63

Табела: Олимпијакос 7-1, Лаборал 5-3, Ефес, Цедевита 4-4, Армани, Лимож 2-6

Панатинаикос, во дербито, ја прекина серијата од девет последовни порази против Барселона и со триумфот од 93:86 речиси обезбеди пласман меѓу најдобрите 16.

Група Ц:

Локомотив-Зелена Гора 51:66

Панатинаикос-Барселона 93:86

Жалгирис-Каршијака 74:52

Табела: Локомотив, Барселона 6-2, Жалгирис, ПАО 4-4, Зелена Гора, Каршијака 2-6

Група Д:

Дарушафака-Уникаха 63:57

Динамо Сасари-Макаби 74:76

Бамберг-ЦСКА 88:100

Табела: ЦСКА 7-1, Уникаха 6-2, Бамберг 5-3, Дарушафака 4-4, Макаби 2-6, Динамо 0-8.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП