14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Мадрид исфрлен од Купот на кралот

Реал Мадрид исфрлен од Купот на кралот

real-madrid

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид е исфрлен од Купот на кралот. Ова е епилогот откако Русот Денис Черишев настапи за Реал на мечот во Купот против Кадиз, иако имал три жолти картони заработени во периодот кога настапувал за Виљареал.

Шпанскиот третолигаш веднаш вложи жалба, а Шпанскиот фудбалски сојуз го исклучи Реал од понатамошните натпреварувања во Купот.

Тренерот на Реал Рафа Бенитез не сакаше да ја коментира одлуката на сојузот.

„Претседателот вчера рече сè што сакаше да каже на таа тема. Фокусирани сме на Гетафе“, порача Бенитез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП