10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајплатениот неработник во светот неделно заработува 140.000 евра

Најплатениот неработник во светот неделно заработува 140.000 евра

adebajor 0330

Емануел Адебајор, поранешениот играч на Мец, Монако, Арсенал, Манчестер Сити, Реал и Тотенхем, веројатно е најплатениот невработен човек во светот.

Адебајор е без натпревар од септември, последниот меч го одиграл во март, но секоја недела тој заработува 140.000 евра. Толку пари на Тогоанецот му исплаќа последниот работодавач фудбалскиот клуб Тотенхем, бидејќи прерано го раскина договорот со фудбалерот.

Оваа сума, Адебајор, ќе ја добива до јуни наредната година, кога ќе му истече договорот кој со Тотенхем го потпиша во 2012-та година.

Емануел Адебајор кариерата ја започнал во Мец во 2001-ва година, потоа играше за Монако, по што се пресели во Премиерлигата, во Арсенал, чии дрес го носеше од 2006-та до 2009-та година. Блескаше во дресот на „тобџиите“, во сезоната 2007/2008 кога постигна 30 голови, што му донесе трансфер во Манчестер Сити, кога неговата кариера започна да оди по надолна линија. Играше потоа шест месеци како позајмен играч во Реал, а потоа се врати во северен Лондон, но во Тотенхем.

Првата сезона во Тотенхем беше добра за него постигна 18 голови на 37 натпревари, наредната сезона беше стрелец на 14 голови, а минатата сезона одигра само осум натпревари, по што менаџерот Покетино му соопшти дека не му се потребни неговите услуги.

Минатото лето имаше понуди од Вест Хем и Астон Вила, но тој реши да ужива во животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП