Синдикалците ја објавија пресметката за потрошувачката кошничка. За еден месец живеачката е поскапена за цели 926 денари. Доколку семејството има и трошоци за кирија тогаш сумата надминува 85 илјади денари. И натаму најмногу трошоци се потребни за набавка на храна, нешто над 26 илјади денари.
Една цела минимална плата само за набавка на основните прехранбени производи 26 170 денари се потребни месецов за едно четири члено семејство да се прехрани.
Според најновата пресметка на ССМ за потрошувачката кошничка храната во целата структура влегува со 37 отсто од трошоците на домаќинствата. 110 ева се потребни за да се набават облеки и обувки за четиричленото семејство, а 5 евра помалку да се платат сметките за струја, вода, греење и домување. Податоците од извештајот велат дека 2 500 денари се потребни за одржување на домот. За транспот, односно јавен транспорт се потребни нешто над 5 500 денари, за комуникации близу 4000 денари. Трошоците за образование во октомври надминале 7000 денари, А за рекреација и култира близу 100 евра, 20 евра чинеле основните здравствени прегледи за четиричленото семејтво во 10 месец од годинава. Нешто над 4 000 денари за ресторани и хотели, и уште 1000 денари за останати услуги и производи.
„Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2026 година изнесува 70 358,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година која изнесува 69 432,00 денари е зголемена за 926,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец октомври изнесува 85 733,00 денари“, стои во извештајот на Сојузот на синдикати на Македонија.
И додека синдикалците редовно алармираат за зголемените трошоци за живот властите пред една недела објавија своја кошничка која според властите е поевтина од таа на синдикатите. Но претставниците на работниците велат дека не се потребни нови пресметки, туку повисоки плати за достоинствен живот.
И.П