МАКЕДОНИЈА

Турците најбројни туристи во септември

Според најновите податоци објавени од Државниот завод за статистика, во текот на месец септември 2026 година, земјата ја посетиле вкупно 136 305 туристи, кои оствариле 264 370 ноќевања.

Статистиката покажува јасен сооднос во корист на меѓународните посетители. Дури 75.1% од вкупниот број туристи во септември биле странци, додека домашните гости учествувале со 24.9%.

Сепак, домашните туристи традиционално остануваат подолго на дестинациите, што се гледа од остварените ноќевања, каде нивниот удел се искачува на 33.8%, наспроти 66.2% од ноќевањата на странските државјани.

Во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3.0 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 2.8 %, а кај странските има зголемување за 3.0 %.

Во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 3.5 % така што кај домашните туристи има зголемување за 2.4 %, а кај странските има зголемување за 4.6 %.

Според ДЗС, најмногу странски туристи во мај пристигнале од Турција 27 933, од Србија 8 358, од Германиа 6 633 и од Полска 4 656.