Стабилизација на живеачката во Македонија. Барем така може да констатира од извештајот на Државниот завод за статистика.
Според најновите пресметки на Државниот завод за статистика, во октомври е забележано зголемување на трошоците за живот од минимални 0,4 отсто на месечно ниво односно во однос на септември годинава. На годишно ниво, или во однос на месец октомври 2025 година трошоците за живот се зголемени за 3,3 проценти. И натаму најмногу пари од семејниот буџет се резервирани за набавка на храна.
Трошоците за храна и безалкохолни производи се пораснати за 2,1 отсто. Извештајот покажува дека за алкохолни пијалаци и за тутун трошоците на граѓаните за една година биле зголемени, за речиси 8%. Државните статистичари пресметале дека има раст на речиси сите потребни производи и услуги кои ги купуваат домаќинставата.
„Во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 2.5 %, Рекреација, спорт и култура, Облека и обувки за 1.2 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.3 % и Здравствена заштита за 0.1 %“, се наведува во извештајот на ДЗС.
Што се однесува пак до Индексот на цените на мало во октомври 2026 година во однос на септември 2026 година изнесува 0,2%. Индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на октомври 2025 година, бележи зголемување од 3,3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,2%.
Податокот со кој излезе Сојузот на синдикати на Македонија пред неколку дена е навистина алармантен, а тој вели дека македонските граѓани од својот домашен буџет издвојуваат најмногу пари за храна во Европа. Нивните податоци велат дека дури 40 отсто од средствата во текот на месецот се за набавка на храна и безалкохолни пијалаци. На ниво на Европска унија тој процент изнесува нешто над 15 отсто.
И.П