Регионот на Западен Балкан генерално ја надминува Еврозоната. Словенија, членка на Еврозоната, забележа најсилен скок со раст од 1,5 проценти во 2025 година, 3,2 проценти во 2026 година, со инфлација од 3,5 проценти и невработеност од 3,9 проценти. Хрватска забавува од 3,4 на 2,2 проценти, а инфлацијата ќе остане на високи 4,5 проценти. Дефицитот на тековната сметка на Хрватска се зголемува на 4,4 проценти од БДП.
Според проекцијата, Србија би забрзала од 2,0 проценти во 2025 година на 3,3 проценти во 2026 година, а потоа на 4,0 проценти во 2027 година. Инфлацијата ќе падне на 3,1 процент оваа година, но ќе се врати на 4,2 проценти во 2027 година. Невработеноста останува висока, околу 8,6 проценти, а дефицитот на тековната сметка се намалува од 4,9 проценти од БДП во 2025 година на 3,5 проценти во 2027 година.
Босна и Херцеговина бележи постојан раст, 2,3 проценти во 2026 година и 2,6 проценти во 2027 година, но со инфлација што се забрзува на 5,0 проценти и највисока невработеност во регионот, од 12,2 проценти.
Македонија бележи раст од 3,5 проценти оваа година и 3,2 проценти следната година, со инфлација од околу 4 проценти и невработеност од 11,5 проценти. Дефицитот на тековната сметка расте на 5,8 проценти од БДП.
Албанија би остварила раст од 3,5 проценти во 2026 година и 3,2 проценти во 2027 година, со инфлација од 3,2 проценти и невработеност од 8,7 проценти. Црна Гора има раст од 3,0 проценти оваа година и 2,8 проценти следната година, со инфлација од 3,5 проценти. Нејзиниот дефицит на тековната сметка, околу 19,7 проценти од БДП, е убедливо најголем во регионот и ја издвојува како најранлива земја според тој индикатор.
Ризиците остануваат зголемени, продолжување на војната, зголемување на цените на енергијата и храната, преиспитување на очекувањата од вештачката интелигенција и висок јавен долг.
ММФ вели дека обновувањето на фискалниот простор е итно, дека помошта за домаќинствата треба да биде привремена и насочена, а дека централните банки треба да останат фокусирани на стабилноста на цените.
На долг рок, растот до 2031 година останува слаб, на околу 3,2 проценти годишно, во споредба со 3,7 проценти во периодот 2000–2019 година. Се очекува растот на обемот на светската трговија да забави во текот на 2026 година, а потоа да се стабилизира во 2027 година.