МАКЕДОНИЈА

Речиси 10 проценти од домаќинствата во Македонија немаат интернет

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажува дека во првото тримесечје од 2026 година, 93.7 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет. Во првото тримесечје од 2026 година, 91.2 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. 

Во анализираниот период сгтатистичарите забележале дека 81.2 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет неколкупати во текот на денот. Толкав е процентот на граѓани и што  нарачале односно купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.

„Во 2026 година при користењето на ИКТ во домаќинствата и од поединците, најголемо учество од 93.5 % имаат телефонирањето преку интернет/видеoповиците (преку веб-камера; употребата на апликации, на пример, Skype, Facetime, Messenger, WhatsApp, Viber, Snapchat). Најголемо учество од 88.4 % има размената на пораки, на пример, преку Skype, Messenger, WhatsApp, Vibe“, стои во извештајот на ДЗР.

Според Асоцијацијата за Е-трговија пак, еден од најголемите предизвици во земјава остануваат дигиталните вештини. Според податоците на Eurostat опфатени во анализата, во 2025 година 30,9% од интернет корисниците во Македонија поседувале основни или повисоки основни дигитални вештини. Ова според н нив покажува дека, покрај инфраструктурата и пристапот до технологија, за понатамошен развој на дигиталната економија е неопходно и зајакнување на капацитетите на граѓаните и компаниите. 

Истовремено, податоците за финансиската вклученост покажуваат дека 84,3% од возрасното население во земјава има сметка во финансиска институција или кај давател на мобилни финансиски услуги, но пристапот до финансиски услуги не значи и нивно целосно искористување за дигитални трансакции.

Од Асоцијацијата додаваат дека, токму навиките за плаќање се во фокусот и на посебното истражување за готовинското плаќање при испорака наспроти дигиталните плаќања во е-трговијата во Македонија, спроведено со поддршка на Visa. Според истражувањето меѓу е-трговците, 68,2% од анкетираните е-продавници пријавиле дека повеќе од половина од нивните нарачки се плаќаат во готово при испорака.

И.П