ЕКОНОМИЈА

Која европска држава губи најмногу пари од работничките штрајкови?

Последен пат кога двата најголеми синдикати во Шпанија организираа заеднички генерален штрајк, во ноември 2012–ва година, земјата беше во длабока криза и спроведуваше мерки за штедење. Четиринаесет години подоцна, шпанските работници повторно организираа сличен штрајк, пишува „Euronews“.

Овојпат незадоволството е поврзано со основни проблеми кои се актуелни и на други места, како Париз, Брисел и Рим: достапни цени на кириите, плати што го следат растот на цените и функционални јавни услуги.

24-часовниот прекин на работата, организиран од синдикатите „Comisiones Obreras“ (CCOO) и „Union General de Trabajadores“ (UGT), се случува само 18 дена пред предвремените избори во Шпанија, закажани за 29-ти ноември.

Шпанија не е изолиран случај

На 5-ти ноември Франција прогласи национален ден на штрајкови и протести поради трошоците за живот. Италијанскиот синдикат „CGIL“ најави генерален штрајк за 20-ти ноември, а белгиските синдикати се заканија со неделни протести почнувајќи од 23-ти ноември.

Минатата година беше исклучителна во овој поглед. Прелиминарните податоци на Европскиот синдикален институт (ETUI) покажуваат дека 2025-та година била година со најмногу штрајкови во Европската Унија (ЕУ) од 1991-ва година наваму.

Прашањето е кои економии трпат најголеми финансиски штети од штрајковите.

Германија е на врвот

Наједноставниот начин за споредба на државите е да се примени иста формула за секоја од нив.

Годишното економско производство на една земја, измерено преку бруто-домашниот производ (БДП), се дели со 365 дена за да се добие производството за еден ден. Потоа се претпоставува дека еден од пет работници ја прекинува работата и дека со тоа се губи приближно една петтина од производството за тој ден.

Според оваа пресметка, Германија, најголемата економија во Европа, би изгубила околу 2,5 милијарди евра само за еден ден.

Франција е на второто место со околу 1,6 милијарди евра, а по неа е Италија со околу 1,2 милијарди евра.

Шпанија би изгубила околу 930 милиони евра. Нејзината економија минатата година остварила производство од 1,69 билиони евра, што е околу 4,6 милијарди евра дневно.

Помалите економии би забележале помали загуби. Штрајк со ист обем би ја чинел Белгија околу 350 милиони евра, а Португалија околу 170 милиони евра.

Ова е приближна процена. Штрајковите ретко се рамномерно распределени: тие најсилно ги погодуваат транспортот, училиштата и јавните услуги, додека многу фабрики и канцеларии продолжуваат да работат.

Топ 10 земји во Европа кои би изгубиле најмногу економски производ дневно поради штрајкови. Извор: „Euronews“.

Зошто голем дел од загубите никогаш не се реализираат?

Франција нуди најсигурни податоци за ова прашање, бидејќи нејзините статистичари повеќепати го мереле ефектот од штрајковите.

Централната банка на Франција проценува дека штрајковите против пензиската реформа во март и април 2023-та година го намалиле францускиот економски раст за околу 0,1 процентен поен во првиот квартал од истата година. Во вториот квартал било забележано надоместување на загубата од околу 0,1 процентен поен.

Со други зборови, најголем дел од изгубената економска активност се надоместува во рок од три месеци.

Централната банка наведува дека ова се совпаѓа со податоците на француската статистичка служба „INSEE“, според која штрајковите во пролетта 2018-та година го намалиле БДП за околу 0,1 процентен поен.

Причината е едноставна: штрајкот не е како пожар што уништува стока. Товарот сепак ќе биде превезен, болничкиот преглед ќе биде презакажан, а фабриката следната недела може да работи во дополнителна смена.

Сепак, некои загуби се трајни и директно ги погодуваат одредени луѓе. Работниците што штрајкуваат ја губат дневницата. Владите губат данок од економска активност што никогаш не се реализирала. Авиокомпаниите и хотелите не можат да си ги надоместат откажаните летови или празните соби.

Ризикот од повторување

Белгија покажува што се случува кога штрајковите престануваат да бидат еднократни настани.

Земјата во 2025-та година изгубила 1.354.845 работни денови поради штрајкови, односно 313 дена на секои 1.000 вработени. Со тоа е надминат претходниот рекорд од 299 дена, поставен во 1993-та година.

Во Холандија, 23 штрајкови во 2025-та година чинеле речиси 60.000 работни денови, покажуваат податоците на националната статистичка служба.

Во Германија, Институтот за економски и социјални истражувања (WSI) проценува дека во 2025-та година биле изгубени околу 645.000 работни денови. Тоа е под долгорочниот просек, иако германската економија е речиси седум пати поголема од белгиската.

Еден ден штрајк може брзо да се надомести, но штрајковите што се повторуваат секој месец оставаат трајни последици врз економијата.

Електропреносната мрежа како показател

Шпанија има необичен начин за мерење на бројот на работници што штрајкуваат: преку потрошувачката на електрична енергија.

За време на генералниот штрајк во ноември 2012-та година, Министерството за внатрешни работи соопштило дека рано наутро побарувачката на електрична енергија била за 11,4 отсто пониска од вообичаената за тој период од денот. Податоците биле преземени од операторот на електропреносната мрежа „Red Eléctrica“.

За време на штрајкот во март 2012-та година, падот во истиот период од денот изнесувал 15,4 отсто.

Бавната реакција на инвеститорите

Засега, берзите не изгледаат загрижени. Шпанскиот берзански индекс „IBEX 35“ ја завршил трговската сесија во понеделникот на 19.742,5 поени, што претставува раст од 14,1 отсто од почетокот на годината.

Компаниите кои се најмногу изложени на ризик од штрајкови бележат уште подобри резултати. Акциите на „Melia Hotels International“, еден од најголемите хотелски синџири во Шпанија, поскапеле за 38 отсто од почетокот на годината. Вредноста на акциите на „Aena“, компанијата што управува со повеќето шпански аеродроми, пораснала за 21 отсто.

За инвеститорите, еден ден штрајк е како бура што ги одложува летовите за еден ден. Белгија ја покажува другата можност: штрајкови што стануваат толку чести што се претвораат во постојана карактеристика на економијата.

За Шпанија, цената на штрајкот во среда ќе се мери преку изгубените работни часови. Дали поширокиот протестен бран ќе донесе некаква промена, ќе се одлучи на изборите на 29-ти ноември.

Шпанија не е изолиран случај.