Според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2026 година, во однос на август 2026 година, останува на исто ниво.
Во септември 2026 година, во однос на август 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Рекреација, спорт и култура за 3.7 %, Транспорт за 3.4 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.3 % и Информации и комуникации за 0.1 %.
Во септември 2026 година, во однос на август 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 1.3 %, Храна и безалкохолни пијалаци, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.5 %, Услуги за образование за 0.4 %, Облека и обувки за 0.3 %, Здравствена заштита, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.2 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.
Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во септември 2026 година во однос на август 2026 година
изнесува 98.7.
Индексот на трошоците на животот во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи зголемување од 2.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.7 %.