Статистичарите забележале значително зголемување на извозот во септември годинава во споредба со истиот период од претходната година. Најновиот извештај на Државниот завод за статистика покажува дека извозот за една година се зголемил за над 10 проценти а вредноста на увезената стока порасната за речиси осум отсто.
Податоците од извештајот за стоковата размена покажуваат дека во периодот септември 2026 споредено со истиот месец од ланската година вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, изнесува 408 167 милиони денари и бележи пораст од 10.83 %. Што се однесува пак до вредноста на увезената стока во истиот период таа изнесува 566 113 милиони денари, што е за 7.94 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Извоз јануари – септември 2026 година во однос на јануари – септември 2025 година
-408 167.8 милиони денари: +10.8 %
-6 623.1 милион евра: +10.8 %
-7 688.3 милиони САД долари: +14.9 %
Увоз јануари – септември 2026 година во однос на јануари – септември 2025 година
-566 113.5 милиони денари: +7.9 %
-9 186.1 милион евра: +7.9 %
-10 665.9 милиони САД долари: +12.0 %
„Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.“ стои во извештајот на ДЗС.
Во извештајот се наведува дека во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, потоа платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот од јануари до септември годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49.7 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.8 % во вкупната размена.
И.П