Најновите податоци на Државниот завод за статистика за периодот јануари – септември 2026 година покажуваат дека во првите девет месеци од годинава, македонскиот извоз забележа солиден раст од 10.83% достигнувајќи вредност од 408 167.8 милиони денари, додека увозот порасна за 7.94% и се искачи на 566 113.5 милиони денари.
Иако динамиката на раст на извозот ја надминува онаа на увозот, јазот меѓу она што го продаваме и она што го купуваме од странство останува голем. Трговскиот дефицит во овој период изнесува безмалку 158 милијарди денари, што покажува дека покриеноста на увозот со извоз се движи околу 72%.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

