МАКЕДОНИЈА

ЦГК: Рекордни 356 милиони евра за локалните тендери во 2025 година – општините за една година потрошија за јавни набавки како во претходните две години заедно

Денес, 29 октомври 2026 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за договорите за јавни набавки на општините во 2025 година. Истражувањето покажува дека:

⦁ 80-те општини и Градот Скопје во 2025 година склучиле вкупно 4.300 договори за јавни набавки во вредност од рекордни 21,9 милијарди денари, односно 356 милиони евра.
⦁ Вредноста на општинските тендери во изборната 2025 година се зголемила речиси двојно во однос на претходната година и изнесувала колку во претходните две години заедно.
⦁ Најголема вредност на јавните набавки за 2025 година има Општина Тетово – дури 22,5 милиони евра. Најмали јавни набавки од нецел половина милион евра има Старо Нагоричане.
⦁ Тетово има и најголем годишен скок на вредноста на тендерите од дури 20 милиони евра, а најголем пад од 6 милиони евра има Струмица.
⦁ Град Скопје веќе втора година по ред не е на првата позиција. Лани падна на шестото место, а годинава е на 14-то со вредност на тендерите од само 8,5 милиони евра.
⦁ Најголема вредност на јавните набавки по жител има Чаир, по 2381 евро, наспроти Центар Жупа, која има само по 12 евра по жител.
⦁ Општините лани склучиле договори за јавни набавки со 1.185 фирми, но повеќе од една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми.
⦁ На врвот според вкупната вредност на склучените договори е Жикол од Струмица со вредност на договорите од милијарда денари, односно околу 16 милиони евра.

Комплетните податоци за општинските јавни набавки од 2015 година до сега се наоѓаат на специјалната база на податоци на Центарот за граѓански комуникации: https://javninabavki.opendata.mk.

До целото истражување можете да пристапите преку следниот линк. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на [email protected].