Зад интернет-сензацијата „Миле – Да почекам“, кој за само неколку недели го привлече вниманието и ги освои симпатиите на јавноста во земјата и во регионот, стои НЛБ Банка. Преку внимателно осмислена комуникација во две фази, најава и откривање (teaser/reveal), со елементи на герила маркетинг, Банката создаде препознатлива приказна што внесе хумор во секојдневието и отвори важна тема: „Зошто да чекате кога бројни банкарски обврски денес можете да ги завршите брзо, едноставно и безбедно преку мобилно банкарство?“
Хумор со јасна граница и одговорен пристап
Од првата идеја до реализацијата, тимот работеше со особено внимание кампањата да биде етична, добронамерна и јасно поставена во рамки на фикција. Нејзината намера беше да внесе ведрина во секојдневието и на разбирлив начин да прикаже ситуации со кои многумина можат да се поистоветат, со целосна почит кон секоја институција, професија и поединец. Миле е фиктивен лик што го толкува професионалниот актер Александар Степанулески од Драмскиот театар во Скопје. Неговата одмерена актерска изведба и сериозниот пристап кон апсурдните ситуации се клучни за приказната да остане топла, човечна и ненавредлива.
Од „професионален чекач“ до дигитален едукатор
Со откривањето на НЛБ Банка започнува и втората, клучна фаза на кампањата. Миле ги бара клиентите за кои претходно чекал во банка, само за да дознае дека тие веќе ги завршиле своите обврски преку телефон, по што сфаќа дека неговиот „бизнис“ е сериозно загрозен. Токму тука приказната добива нова насока. Од професионален чекач, Миле станува дигитален почетник, а потоа и едукатор кој учи заедно со публиката. Во серијал од кратки видеа, тој чекор по чекор ги открива можностите на мобилните апликации на НЛБ Банка – мКлик и NLB Pay. Хуморот останува негов заштитен знак, но секое видео содржи и реален, јасно прикажан кориснички процес, без изложување лични податоци.
Седум функционалности, една порака: Не мора да чекате
Низ видеата, Миле го започнува своето патување низ мобилното банкарство. Најнапред открива како онлајн да отвори платежна сметка и веднаш да добие дигитална дебитна картичка, а потоа и како да аплицира за дигитална кредитна картичка. Следниот чекор го носи кон плаќањето со телефон преку NLB Pay, додека преку мКлик учи како да аплицира за потрошувачки кредит и да отвори онлајн депозит. До крајот на серијалот, тој совладува и како да поднесе барање за зголемување на лимитот на кредитната картичка и барање за дозволено пречекорување, покажувајќи дека секоја од овие банкарски услуги може да се заврши едноставно, брзо и без чекање во експозитура.
Кампањата е наменета за луѓето кои сè уште чувствуваат несигурност или имаат навика банкарските обврски да ги завршуваат исклучиво во експозитура. Преку внимателно изградениот лик на Миле, одговорниот хумор и јасните практични примери, таа покажува дека бројни услуги се достапни преку телефон – едноставно, брзо и без непотребно чекање. Така, Миле од „професионален чекач“ кој стравува за својот бизнис прераснува во едукатор и инфлуенсер кој ги охрабрува другите да го направат првиот дигитален чекор со една силна порака – со мобилното банкарство на НЛБ Банка, чекањето завршува, а банкарството продолжува таму каде што сте вие.