9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGorenje ќе го пресели производството во Азија

Gorenje ќе го пресели производството во Азија

 

velenje 33

Словенечката компанија за производство на електрични апарати за домаќинство „Gorenje“ планира во наредните 5 години да отвори фабрика во Виетнам или во други азиски земји, каде работната сила е поевтина, објави „Независне новине“.

„Нашата стратегија за наредните години е ориентирање кон глобалниот пазар и премиум марките. Проценивме дека за брзо зголемување на продажбата ќе треба да основаме локално производство, па во рок од пет години планираме да отвориме фабрика надвор од Европа, можеби во Виетнам или некоја од соседните земји“, велат претставници на „Gorenje“.

Тие додаваат дека постојат неколку варијанти – изградба на нова фабрика, партнерство со постоечки локални производители или купување на некоја локална компанија за производство.

Стратегијата на „Gorenje“ предвидува до 2020-та година активностите на компанијата да бидат изнесени надвор од Европа, со што ќе се намали зависноста од европскиот пазар.

Претходно компанијата пресели дел од своето производство во Србија, каде што трошоците за работна сила се околу 2,5 пати помали отколку во Словенија.

Просечната месечна плата на работник во Виетнам е околу 140 евра, додека во Словенија е малку над 990 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП