28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште еден доказ дека кешот умира!

Уште еден доказ дека кешот умира!

no money3

Најголемиот светски снабдувач на банкноти – компанијата „De La Rue“, ќе го намали производствениот капацитет од 8 на 6 милијарди банкноти, откако објави дека ќе скратува 300 работни места. Ова ќе доведе до заштеда на околу 13 милиони фунти годишно.

Компанијата се бори со намалувањето на маргината на профитот во услови на зголемен удел на интернет плаќањата и новите услуги, како „Apple Pay“ кои стануваат се повеќе популарни меѓу корисниците.

„Денешните планови се поврзани со нашите обиди да го поставите вашиот бизнис кон променливите потреби и средината, за да сме успешни во долгорочен план“, коментира Мартин Сатерленд, извршен директор на компанијата „De La Rue“.

Темата за елиминација на хартиените пари станува актуелна на глобално ниво во услови на негативни каматни стапки во многу од регионите во светот. Централните банки на земји како Шведска и Швајцарија имаат воведено негативни камати, како начин да ги натера штедачите да ги трошат своите средства и на тој начин да ги стимулираат своите економии. Логиката е дека кога луѓето плаќаат за тоа средствата им стојат во банките, тие ќе одлучат да ги трошоците и на тој начин ќе ја раздвижат економијата.

Шведска се очекува да е првата земја во светот која целосно ќе го елиминира кешот до 2030-та година. Според извештајот на „The Local“, Швеѓаните остваруваат годишно 260 електронски плаќања по човек. Така се избегнува потребата луѓето во земјата да ги користат банкоматите, за да ги повлечат своите средства и да се здобијат со кеш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП