5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија со најстаро население во ЕУ, Ирска со најмладо

Германија со најстаро население во ЕУ, Ирска со најмладо

eu luge 33

Демографските промени заедно со миграцијата и климатските промени се едни од најзначајните предизвици со кои се соочува Европската унија (ЕУ).

Во последните децении профилот на европското население има претрпено големи промени, дел поради стареењето на општеството, промените во формацијата на семејството, како и структурата и промените во улогите на мажот и жената, се вели во најновото истражување на Евростат кое се осврнува на состојбите во европското население.

Во 2014-та година, средната возраст на европската популација изнесувала 42.2 години, а ниво на членки, најмладата популација се наоѓа во Ирска (средна возраст 36 години), Кипар (36.8 години), Словачка (38.6 години), Луксембург и Полска (по 39.2 години) и Велика Британија (39.9 години), стои во анализата на Евростат.

Најстарата популација пак се наоѓа во Германија (средна возраст 45.6 години), Италија (44.7 години), Бугарија (43.2 години), Португалија (43.1 години) и Грција (43 години). Во последните 20 години средната возраст на европското население пораснала за шест години, односно во 1994-та година изнесувала 36.2 години.

Поединечно, најголем раст бил забележен во Литванија, каде средната возраст од 1994-та до 2014-та година пораснала за скоро девет, односно 8.9 години. Зголемувања за повеќе од седум години биле забележани и во Германија и Португалија (по 7.6 години), како и во Австрија и Романија (по 7 години), соопштуваат од Евростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП