Неколку потенцијални „додворувачи“ може да конкурираат за основниот Интернет бизнис на „Yahoo Inc.“, а тие пристигнуваат од медиумски и телекомуникациски гиганти до фирми за акционерски инвестирања, додека компанијата ги разгледува опциите и треба да одлучи дали да го пушти својот бизнис за продажба.
Меѓу компаниите кои најверојатно ќе ја разгледуваат можноста за договор се „Verizon Communications Inc.“ и „IAC / InterActive Corp.“ на магнатот Бери Дилер. Меѓу другите, кои можат да пројават интерес за договор со „Yahoo“, се „News Corp.“, сопственик на „The Wall Street Journal“, и издавачот на списанието „Time Inc.“. Приватната компанија за удели во инвестиции, „TPG Capital“, исто така е заинтересирана за медиумскиот бизнис на „Yahoo“, смета извор запознаен со ова прашање.
Портпаролот на „Yahoo“ одбива да даде коментар на оваа темата.
И покрај кризата во која западна „Yahoo“, потенцијалните купувачи ќе бидат привлечени од способноста на компанијата секој месец да привлече повеќе од 200 милиони посетители во САД. За фирмите за акционерски инвестирања предност може да претставува фактот дека „Yahoo“ е приватна компанија, а ова може да овозможи драстично преструктуирање, кое би било потешко на јавните пазари. Една компанија за акционерско финансирања би можела на пример да одлучи да го „помести“ готовинскиот тек на „Yahoo“, додека ги скратува инвестициите.
Бордот на „Yahoo Inc.“ ќе решава за време на средбата која се очекува да се случи наскоро, за некои значајни стратешки опции, вклучувајќи ја продажбата на основната дејност и дали да продолжи со поделбата на уделот во гигантот во кинеската-трговија „Alibaba Group“, кој во моментов е во вредност од повеќе од 30 милијарди долари.
„Yahoo“ може да одлучи да не ја продава својата основна дејност. Брајан Визер, аналитичар во „Pivotal Research Group“, изјави во своето истражување дека го проценува бизнисот на околу 1,9 милијарди долари, без да ги земе предвид парите во кеш. Друг аналитичар, Јусеф Скуели од „Cantor Fitzgerald“, го проценува делот на 3,9 милијарди долари, без да ги вклучува парите во готово.
И двете проценки може да се повисоки од она што во моментов го добиваат инвеститорите на компанијата, во позадина на вредноста на акциите во „Alibaba“ и „Yahoo Japan“. Аналитичарот на „SunTrust“, Роберт Пек вели дека може да има голем број на логички купувачи за бизнисот, вклучувајќи ги „Verizon“, „AT & T Inc.“, „Comcast Corp.“, „Walt Disney Co.“ и „News Corp“.
Се разбира, новиот сопственик на основниот бизнис на „Yahoo“ ќе се сретне и со проблеми. Традиционалната сила на компанијата – продажбата на дигитална реклама секоја измината година се повеќе се намалува. Концернот, некогаш првата страница ја чуваше за многу брендови, кои одлучиле да инвестираат онлајн, но сега овој сегмент е засенет од „Facebook Inc.“ и „Google Inc“. Се очекува „Yahoo“ да држи 4,4% од дигиталниот онлајн пазар во САД во 2015-та кој е проценет на 58,12 милијарди долари, според податоците на „eMarketer“. Година порано овој удел беше 5,1%.