22 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКинеските регулатори го открија новиот А5 на Samsung

Кинеските регулатори го открија новиот А5 на Samsung

a5 samsi 33

По претставувањето на моделот од следната генерација, „Galaxy A7“, најголемиот светски производител на паметни телефони „Samsung“ е на пат наскоро да го претстави и моделот од средна класа – „Galaxy A5“.

Барем тоа го покажуваат пристигнатите податоците за одобрување од кинеската агенција за електронски уред.

Моделот на „Samsung“ под бројот „SM-A5100“ е сертифициран од кинеските регулатори, кој во голема мера ја потврдува информацијата која се појави во интернет просторот за спецификациите на наводниот модел „A5“.

Уредот располага со осумјадрен процесор со фреквенција од 1.7GHz, како и 5.2-инчен дисплеј со резолуција од 1.920х1.080 пиксели. Оперативната меморија на уредот е 2GB, а внатрешната во износ од 16 GB, која може да се прошири со мемориска картичка. Камерите на уредот се 13-мегапикселна задна камера и 5 мегапикселна предна.

Во однос на големината и тежината, димензиите се 144.7х70.8х6.9 mm, додека пак неговата тежина изнесува 145 грама. Смартфонот ќе е со оперативен систем „Android 5.1.1 Lollipop“, а батеријата е со капацитет од 2.900 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП