8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLancer, Galant и Pajero без наследници!

Lancer, Galant и Pajero без наследници!

mici 00

Некои од најпопуларните модели на „Mitsubishi“ во последните децении нема да имаат директни наследници, потврди првиот човек на овој јапонски производител на автомобили.

Многу фанови на „Mitsubishi“ ќе бидат разочарани од изјавата која за „Automotive News“ ја даде извршниот директор на компанијата, Осаму Масуко.

Според неговите зборови, главната причина за откажувањето од новата генерација на споменатите модели е тоа што „Mitsubishi“ не располага со ресурси за самостоен развој на идните „Lancer“, „Pajerо“ или „Galant“, a не успеа да пронајде партнер кој би му помогнал во тоа.

Наместо тоа, компанијата ќе се фокусира на „SUV“ модели од компактна и средна големина и купе-кросовери кои ќе бидат позиционирани меѓу моделите „ASX“ и „Outlander“.

mici 01

Следната генерација на „Mitsubishi ASX“ ќе биде претставена на почетокот на 2019-та година, потврди Масуко.

„Постигнуваме одлични резултати со „SUV“ возилата и моделите со погон на сите четири тркала. Поради тоа ќе останеме фокусирани на овој вид на автомобили кои особено добро се продаваат на американскиот пазар“, објаснува тој.

Според неговите зборови, директен наследник на првиот електричен „Mitsubishi“, моделот „i-MiEV“, исто така не е во план.

mici 02

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП