Иако пред речиси нешто повеќе од два месеци беа претставени „iPhone 6“ и „iPhone6+“, веќе започнаа шпекулациите за „седмицата“ и новите караткеристики на популарниот смартфон на „Apple“ чие преставување се очекува на крајот на идната година.
Според пишувањето на „Business Insider“, „iPhone 7“ би можел да доживее поголеми промени, а овие се некои од нив:
– Би требало да биде претставен во октомври 2016-та.
– Како и досега, се очекуваат два нови модели.
– Се очекува дека овој смартфон ќе има различен дизајн.
– Оперативниот систем би можел да биде „iOS 10“.
– Можеби уредот ќе го нема „home button“.
– Екранот би може да биде од различен материјал.
– Се очекува и подолготрајна батерија.
– „iPhone 7“ би можел да биде отпорен на вода.
– Исто така, смартфонот би можел да биде потенок од својот претходник.
– Се очекуваат вградени чипови.
– „iPhone 7“ би можел да следи каде гледате.
– „Apple“ би можел да претстави и „iPhone mini“.