28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајмалиот полнач за мобилни телефони

Најмалиот полнач за мобилни телефони

polnac

Компанијата „Devotec“ ја започна изработката на микро-полначите кои можете секогаш да ги носите како привезок на клучевите.

Батеријата наполнета може да седи еден месец, а капацитетот од 220 mAh е доволен за околу 20 до 30 минути разговор или неколку часа во мирување. Машкиот дел од „micro USB“ без проблем се поврзува со голем број на телефони, а во моментов се работи и на изработка на верзијата за поддршка за „iPhone“. Се што треба да направите е да го вклучите и да го споите со телефонот.

За кампањата која ја направи компанијата за да се започне производството на овој полнач беа собрани 38.000 долари, а целта беше 20.000 долари. Сите тие кои го финансираа овој проект со 15 долари ќе го добијат својот примерок однапред, а стандардната цена ќе биде 25 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП