4 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.12.2015

Дневен хороскоп 02.12.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Знаете што сакате, колку можете и како тоа да го направите на најлесен начин. Имате околу себе добра екипа на соработници и малкумина кои можат сериозно да ве изнервираат, но ништо страшно. Се обидувате да бидете максимално практични. Ви претстои прекрасен период со саканото лице.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ве очекува понуда која не сте ја очекувале во врска со краткорочна работа која може да ви донесе убави приходи. Би требало да донесете некои новини во однос со партнерот. Многу сте чувствителни, а малкумина забележуваат бидејќи се трудите да го сокриете тоа. Оптеретени сте со болки во стомакот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе ги преиспитувате вашите грешки и ќе донесете заклучок на ваша штета иако објективно немате многу причини да се чувствувате така. Чувствувате немир и несигурност. Не сте подготвени да го прифатите добронамерниот совет на партнерот. Можно е влошување на здравствената состојба.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекуваат сјајни шанси на работа кои можеби нема да ги искористите или нема да ги препознаете во понудата која ќе ви создаде сомнеж. Прилично сте недоверливи и го следите својот зацртан пат иако многумина ве предупредуваат дека сте погрешиле. Можно е пријатно пријателство. Добро здравје.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете во прилика да се смирите со некој огнен знак. Ќе се обидете на најбезболен начин да решите некоја деликатна ситуација но може да се случи да го загубите трпението и да предизвикате кавга. Напнатата љбовна ситуација е се полоша. Премногу сте оптеретени со здравстената ситуација.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Прилично успешно им одолевате на предизвиците и тешко дека некој може да ве предомисли или демотивира за нешто. Не дозволуваје никој да влијае на вашите одлуки, дури ни партнерот. Ако сте слободни, ќе сретнете многу доминантна личност, многу посилна од вас. Можно е заљубување.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вашите мисли ќе бидат веројатно некаде на работа и вие најголем дел од времето ќе го посветите на интересите и активностите кои ви се најзначајни. Решени сте нешто да завршите до крај, без оглед колкава е цената. Партнерот се чувствува осамено. Ви се препорачува повеќе движење.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ве очекуваат повеќе понуди за нова работа, но вие сте се одлучиле за некоја помирна варијанта со помалку стрес. Ако сте слободни, негде на некоја домашна забава ќе запознаете повеќе од интересна личност. Можни се проблеми со вените.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Би било добро кога би можеле да отпатувате некаде, бидејќи најверојатно со забава ќе ги поминете тешките проблеми. Окупирани сте со обврски кои не ве исполнуваат но приморани сте да ги извршите. Со духовитоста и шармот ќе бидете фантастични, а еден Рак можете и да го освоите. Можни се срцеви проблеми.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Целосно сте окупирани со идеите во врска со работата и речиси немате време ниту за да јадете. Малку променете ја тактиката и завртете се кон себе и задоволете ги малку и приватните потреби. Околината навикнала за се да и помагате, па затоа сега искрено кажете и дека отсега ќе се ангажирате повеќе за себе. Болки во пределот на половината и грбот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Прилично сте напнати и помалку нервозни да го прифатите фактот кој не ви оди во прилог. И покрај тоа, ќе завршите еден многу важен разговор. Финансиите се поправаат. Љубовниот живот ќе ви биде задоволувачки. Нека не ве загрижуваат проблемите на другите, бидете малку себични и гледајте за себе.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Трошите многу и имате голема потреба да живеете на висока нога, не размислувајќи за утре. Љубовниот живот е прилично комплициран бидејќи најверојатно седите најмалку на две столици, што вас ве забавува, но и помалку ве плаши. Прилично сте задоволни од својот изглед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП