12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДонација на детски играчки за градинката Пчелка 2 по повод 21виот роденден...

Донација на детски играчки за градинката Пчелка 2 по повод 21виот роденден на Мотоцентар

bee

Мотоцентар, по повод својот 21ви роденден, подари детски играчки на децата во детската градинка „Буба Мара“ – објект Пчелка2, во скопската населба Аеродром.

Компанијата Мотоцентар одбележа 21 година од своето успешно работење кое неделливо се врзува со активна вклученост во поддршка на проекти за општествена и социјална одговорност наменети за деца  и млади, како и за лица со посебни потреби. По тој повод, денес, во просториите на детската градинка „Буба Мара“ во објектот Пчелка2 во скопската населба Аеродром, се радувавме на првата средба на над 100 дечиња со нивните нови играчки.

baa

На првиот ден од месецот за дарување, тимот на Мотоцентар, подари пакети со играчки наменети за деца над 2 годишна возраст со кои целосно ќе се опреми една од шесте простории на градинката во кој престојуваат деца од 3 до 6 годишна возраст. Се работи за специјално изработени дрвени играчки од светски познатата програмата PINO TOYS, кои се  идеален и креативен спој меѓу децата и природата, тестирани во акредитирани лаборатории, во согласност со европските стандарди ЕН71 и европската директива за безбедност на играчките. Претставниците на Мотоцентар во детската градинка „Буба Мара“ објект Пчелка 2  беа примени со голема радост , а подароците од Мотоцентар беа дочекани со воодушевување  од најмалите и благодарност од страна на вработените во градинката. Во знак на благодарност вработените ја подготвија  детската претстава „Испраќање на есента“ а најмалите им го честитаа роденденот на Мотоцентар со песничката „Роденден“

bbc

“Како педагог, би сакала да истакнам дека овој вид играчки се добредојдени за децата на предучилишна возраст”, изјави педагогот м-р Валентина Зиндл на што додаде: “Најраното детство е период кога кај децата се формира темелот на раното учење и развој. Во детската природа е нивната инстинктивна потреба за блискост со природата, за игра со песок, каменчиња, гранчиња, лисја. Ваквите сертифицирани играчки од дрво се токму она што е потребно во оваа фаза на развој и рано учење кај децата, посебно што се работи за едукативни играчки и играчки за развој на моторика. Играта со дрвените играчки во затворена просторија е исклучително важнa, бидејќи едновремено значи, учење низ игра и контакт со природата “.

bbb

Претставниците од Мотоцентар, при средбата со децата и вработените во градинката, ја изразија својата искрена радост и благодарност за срдечниот прием, споделувајќи дека нема поголем успех за поединец или компанија од можноста за вклученост во процес на едукација и развој и поттикнување детска радост. “Роденденот е највесел кога се слави со деца” изјави претставник од тимот на Мотоцентар, откривајќи дека ова не е само еднократна активност на Мотоцентар, туку се работи за стратешка определба на компанијата за социјална одговорност каде еден од главните фокуси е поддршка на развојот и едукацијата на деца од предучилишна возраст.

bee

Компанијата е долгогодишен пријател на Специјалната Олимпијада на Македонија и Фондацијата Д-р Михаил Левенски.

bdd

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП