АВТОБИЗ

Volkswagen го намалува бројот на верзии поради заштеда

jeta 303

Volkswagen објави планови за намалување на бројот на верзии на моделите на своите возила и понуди на различни пакети опрема за да заштеди 1,9 милијарди евра неопходни за санирање на штетите настанати со „дизел скандалот“.

Со намалување на верзиите и на понудите на различни пакети опрема за своите модели Volkswagen ќе заштеди оперативни трошоци и ќе обезбеди средства за исплата на казни во врска со „дизел скандалот“. Во рамки на овој план на штедење веројатно ќе бидат исплатени и помали бонуси за вработените.

„Отсекогаш се фалевме со нашата широка понуда на различни верзии и пакети со опрема на нашите модели, но тоа бара прилично средства. На овој начин не мора да зборуваме за укинување на работни места“, се наведува во соопштението.