17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКоби Брајант: Ова е мојата последна сезона (видео)

Коби Брајант: Ова е мојата последна сезона (видео)

KB011

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант, објави ова ќе биде последната сезона во неговата кариера. Коби (37) со емотивно писмо ја извети јавноста дека е „подготвен да се прости со кошарката“.

Последните неколку сезони Брајант има проблеми со повредите и објавата за крај на кариерата е логичен потег на бекот на ЛА Лејкерс. Оваа сезона е дефинитивно најлоша во неговата 20-годишна кариера. Просечно Коби постигнува по 15,7 поени по натпревар, со реализиција од само 31,5 отсто.

„Драга кошарко,

Од моментот кога почнав од чорапите на татко ми да си правам мали топчиња и да шутирам замислени шутеви за победа во големиот формат, знаев само една работа – се заљубив во тебе. Љубовта е толку длабока па ти дадов сѐ, од мојот ум и тело до мојот дух и душа. Како шестгодишно момче кое длабоко се заљубило во тебе, никогаш не видов крај на тунелот, се гледав себеси само како трчам низ еден тунел. И така само трчав, трчав само право и поминував бројни пречки низ сите терени, ја бркав секоја загубена топка поради тебе. Бараше од мене енергичност, јас ти го дадов моето срце, бидејќи со него доаѓаат уште многу други работи.

Играв со многу пот и болка. Не затоа што имав предизвик, туку поради твојот повик. Правев сѐ за тебе, бидејќи тоа го правиш само поради оние кои се чувствуваат живо како што јас се чувствував поради тебе. Му даде на едно шестгодишно момче да го живее својот сон во Лејкерси. И поради тоа секогаш ќе те сакам. Но, не можам опсесивно да те сакам уште долго. Оваа сезона е сѐ што остана во мене. Моето срце може да прими уште удари, мојот ум може да издржи уште напори, но моето тело знае дека е време за збогум.

И тоа е ок. Подготвен сум да те напуштам. Сакам да го знаеш тоа, сакам да го знаеш тоа сега се со цел заедно да уживаме во сите заеднички моменти кои ни преостанаа, и во добри и во лоши. Си дадовме еден на друг сѐ што имавме. И двајцата тоа го знаеме, без оглед што ќе правам понатаму. Секогаш ќе бидам она момче кое си прави топчиња од чорапите на татка си, со канта ѓубре во ќошето, пет секунди до крајот и со топката во моите раце. 5…4…3…2…1. Засекогаш ќе те сакам.

Твојот верен, Коби

KB00

На големата сцена Коби Брајат се појави во 1996-та година, кога како 13-ти пик на драфтот беше избран од страна на Шарлот, но во замена за Владе Дивац беше трејдуван во ЛА Лејкерс.

Во текот на кариерата осовои пет шампионски титули, два пати бил МВП на финалните серии, а еднаш МВП на сезоната.

Коби 17 пати учествувал на „Ол Стар“ натпреварите, 11 пати бил биран во најдобрата петорка во лигата, а девет пати во најдобрата дефанзивна петорка.

Брајант е најдобриот стрелец во историјата на ЛА Лејкерс, тим во кој ја мина целата своја кариера. Во моментов е трет најдобар стрелец во историјата на НБА лигата, пред него се само Карим Абдул Џабар и Карл Мелоун, а само легендарниот Вилт Чембрлен има постигнато повеќе поени од него на еден натпревар: Вилт 100 – Коби 81.

Во досегашниот тек од кариерата на 1.292 натпревари има просек од 25,3 поени, 5,3 скока и 4,8 асистенции по натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП