17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците за Black Friday потрошиле околу 10 милијарди долари

Американците за Black Friday потрошиле околу 10 милијарди долари

Black Friday Kicks Off Start To U.S. Holiday Shopping

Околу 10,4 милијарди долари потрошиле Американците кои одлучиле да купуваат во денот на најголемите намалувања на цените – „Black Friday“, со кој во САД започнува сезоната на пред божиќни распродажби, соопшти „ТАСС“. Агенцијата ги цитира податоците на истражувачката служба „Shopper Track“.

Иако во оваа сума не се вклучени податоците од онлајн продажбата, но најверојатно и таа ја надмина прогнозата од 1,6 милијарди долари, сепак е со околу 10% под податоците за минатата година. Тогаш жителите на САД оставиле во продавниците во т.н. „Black Friday“ 11,6 милијарди долари. Се смета дека намалувањето се должи на тоа дека се повеќе Американци купуваат преку интернет, каде што често може да се најдат повеќе корисни предлози, отколку во традиционалните трговски објекти.

Во овогодинешниот „Black Friday“ продажбата во онлајн продавниците се зголеми за 14,3 отсто во споредба со минатата година и била околу 2,7 милијарди долари. Вкупно на интернет отпаѓаат 40 проценти од сите купувања направени од Американците во изминатиот прв ден на големите распродажби.

Најголемите намалувања пред празниците традиционално почнуваат во САД во петокот по Денот на благодарноста, кој се одбележува во последниот четврток од ноември. Многу од големите трговски синџири сепак одлучија да не го чекаат петок и намалија цените уште во четвртокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП