Денес, пред CAPITOL MALL беа врачени клучевите на првиот од 7-те автомобили VW PASSAT , главната премија од инстант лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА. Овој прекрасен автомобил ќе се вози низ скопските улици, а среќната добитничка е Ирена Стојанова.
Инаку Ирена е од оние „повремени“ играчи на инстант лотарија , кои баш и не веруваат во својата среќа. Меѓутоа на денот на нејзината куќна слава купила два инстант лоза од продажното место „ Христеф“ во скопската населба Радишани. Првиот лоз ДЕТЕЛИНКА не и донел добивка, но вториот купен лоз СРЕЌНИ ТРКАЛА, ги открил четирите автомобилски тркала, со што и го донесе на Ирена првиот автомобил од овој инстант лоз.
Само за потсетување овој најнов инстант лоз на Државна лотарија на Македонија, беше пуштен во продажба на 24.10.2015 година и чини само 50 денари. Главната премија се седум автомобили VW PASSAT , a во себе крие и уште вредни парични добивки.
По примерот на нашата најнова добитничка, ви порачуваме да играте инстант лотарија и да верувате во својата среќа.