5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley го најави Bentayga Coupe

Bentley го најави Bentayga Coupe

bentley_bentayga_coupe_df2_0

Британската марка Bentley влегува во сегментот на луксузни кросовери со уште една верзија, станува јасно од информацијата на изданието „Аutoexpress“. „Bentayga“ нема да биде единствениот тренец на Британците, затоа што кон него ќе се приклучи и модел со две врати.

„Bentayga Coupe“, како што се очекува да се нарекува модел, ќе биде исполнет во духот на „BMW X6 M“ и „Mercedes GLE63 S Coupe“. Кросоверот ќе ја користи основата на „Bentayga“, но ќе се одликува со спортски дизајн и пониско потпирање. Кажано поинаку, теренеските можности ќе бидат жртвувани поради неговата презентацијата на асфалтот.

Жртвувани во името на спортскиот дизајн ќе биде и просторот на задното седиште и обемот на багажникот. Тие сепак не се од главно значење за спортските кросовери со две врати.

Главниот приоритет пред „Bentayga Coupe“ ќе биде динамиката, станува јасно од информациите. Во моментов нема никакви информации за погонскиот мотор на моделот, но најверојатно тој ќе претставува доработена верзија на 6,0-литарскиот „W12“ кој се наоѓа во сегашниот модел. Дури во стандардната модификација овој агрегат ќе испорачува повеќе од сериозни индикатори – 608 КС и 900 Нм.

Се тврди дека „Bentayga Coupe“ ќе биде способен за спринт од место до 100 км/час за помалку од 4 секунди, а пак максималната брзина ќе надминува 320 км/час.

Концепт верзијата на „Bentayga Coupe“ треба да ја видиме на саемот во Женева во март 2016-та година. Серискиот модел најверојатно ќе биде подготвен уште во есента истата година, а ќе се појави под рефлекторите на саемот во Париз, покажува информацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП