30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИViber нуди нови опции

Viber нуди нови опции

biberi 343

„Viber“ продолжува да прави корисни ажурирања во својот сервис, кои апликацијата ја прават попрактична од порано.

Во најновата надоградба, верзијата „5.6.5“, корисниците можат да прикачуваат фајлови, да бришат пораки од двата краја и друго.

Новите функции за „Android“ и „iOS“ верзиите на апликацијата вклучуваат:

– Испраќање пораки со документи, презентации и други датотеки директно од апликацијата.

– Испраќање на фотографии и видео содржини директно од „iCloud“.

– Бришење пораки, дури и кога тие се испратени на сите членови кои учествуваат во разговорот.

– Интерактивните известувања овозможуваат одговарање без отворање на „Viber“, доколку корисникот има барем „iOS 9.0“ софтвер.

– Пронаоѓање на разговори и контакти со помош на функцијата „iOS 9 Spotlight Search“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП