16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИInfineon Technologies забележа повисока нето добивка од очекуваната

Infineon Technologies забележа повисока нето добивка од очекуваната

infineon 33

Акциите на германскиот производител на чипови „Infineon Technologies“ поскапеа за околу 12%, откако компанијата објави повисока нето добивка за четвртиот фискален квартал и ја зголеми дивидендата, што делумно се должи на придобивките од неодамнешните стекнувања.

Компанијата предвидува дека во следната фискална година нејзините приходи ќе се зголемат за помеѓу 11 и 15%.

Во кварталот кој завршува во септември, нето добивката на „Infineon“ се зголеми за 80% до 325 милиони евра, потпомогната од зголемувањето на приходите од поголем дел од нејзиниот бизнис.

Просечната прогноза на аналитичарите беше за нето добивка во износ од 162 милиони евра.

Приходите се зголемија за 36% до 1,60 милијарди евра, потпомогнати од стекнувањето на „International Rectifer“ во јануари.

„Infineon“ предложи зголемување на дивидендата до 20 евроценти по акција од 18 центи.

Раководството на компанијата изјави дека таа се претворила во активен учесник во консолидацијата на индустријата за чипови. Освен тоа фирмата ќе ги разгледа можностите за идни спојувања и превземања, да се прошири, но не открија повеќе детали.

Според медиумите кои се запознаени со прашањето, тврдат дека „Infineon“ изразила интерес за инвестирање во јапонската компанија „Reneseas Electronics“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП