вторник, 27 септември 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈА5 милијарди долари и 4 милиони руски туристи ќе загуби Турција

5 милијарди долари и 4 милиони руски туристи ќе загуби Турција

turcija pazar

Турција ќе загуби 5 милијарди долари и 4 милиони руски туристи, откако Москва повика на откажување на сите аранжмани низ турските летувалишта.

По обраќањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да бидат игнорирани турските дестинации, уште во средата започнаа масовни откажувања на туристичките летови, а туроператорите застанаа со резервациите првенствено за Анталија.

Претседателот на турската федерација на хотелиерите Осман Ајак изјави дека во средата очекуваните авиони со руски туристи не пристигнале и го поврза овој факт, како со повикот на Лавров, така и со несреќата на Синајскиот полуостров во Египет.

„Во принцип во крајот на октомври и почетокот на ноември руските туристи во Турција се намалуваат, но по авионската несреќа во Египет нивниот број кај нас значајно се зголеми, но од вчера ситуацијата радикално се промени“, коментира Ајак.

Турција секоја година пречекува над 4 милиони туристи од Русија, кои инвестираат околу 5 милијарди долари во нејзината економија.

„Се уште случајот со соборениот руски воен авион е многу жешка тема и мислам дека е рано да правам прогнози до каде може да стигне одливот на туристи. Најважно е целата оваа ситуација со спречувањето на туристичките летови да биде привремена. Односите меѓу двете земји се со многу длабоки корени и се надеваме дека кризата да не ескалира повеќе. Ние очекуваме повеќе позитивни иницијативи и чекори за надминување на тензиите. Ако денес големината на загубите од укинатите летови и резервации е мал, тогаш наскоро ќе може да очекуваме бројка од 3-4 милиони туристи и она што тие инвестираат во нашата економија“, посочи Ајак.

Претседателот на турската федерација на хотелиерите истакна дека ако овој огромен туристички пазар биде изгубен, нема со што да се компензира.

Вчера на московскиот аеродром на турски државјани не им беше дозволено да влезат на територијата и беа принудно вратени со лет до Истанбул. Некои од нив се во мешани бракови во земјата, но не добија визи од аеродромските власти. По 5 часа чекање 12 турски бизнисмени беа затворени во просторија без пристап до тоалети и без храна и вода, а на незадоволството, руските полицајци одговараа со закана од апсење. Дел од нив тврдат дека имаат шенген визи и протестираа против грубиот однос на аеродромските власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП