4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилијарди на сметките на Грци во Швајцарија

Милијарди на сметките на Грци во Швајцарија

svajcarski-franak

Германија на Атина и даде податоци за 10.000 Грци кои во Швајцарија имаат близу четири милијарди швајцарски франци.

Германија со официјална Атина сподели податоци за близу 10.000 банкарски сметки во швајцарските банки, врз основа на кои е можно да се откријат детали за евентуално затајување на даноци од грчките граѓани, јавуваат светските агенции.

Властите на германската покрина Северна Рајна-Вестфалија наведуваат дека податоците се однесуваат на грчки граѓани и компании кои на сметките во швајцарските банки држат близу четири милијарди швајцарски франци, пренесува агенцијата АП.

Прописите за банкарските тајни во Швајцарија долго време им овозможуваа на странските државјани да ги сокријат парите во локалните банки.

Решение за даночно затајување

Меѓутоа, Швајцарија во последните неколку години потпиша повеќе договори за соработка со странските даночни власти.

Министерот за финансии на најнаселената германска покраина Норберт Валтер Борјанс изјави дека податоците би можеле да и помогнат на Грција делумно да го реши проблемот со затајување на данок.

Швајцарија ја критикуваше употребата на податоци за сметките од страна на странските власти, наведувајќи дека тие податоци се прибавени на незаконски начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП