3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште колку до следната рецесија?

Уште колку до следната рецесија?

rec 33

Додека „S&P 500“ и другите водечки американски индекси се на чекор од нови рекордни вредности, се повеќе инвеститори и аналитичари се прашуваат: колку уште нагоре?

Историјата покажува дека периодите на силен раст на индексите се следени од сериозни корекции и хаварии, копирање на движењето на економијата. Односно вистинското прашање е уште колку до следната рецесија?

Одговор на ова прашање дава главниот економист за надворешни пазари на „Deutsche Bank“, Торстен Слок.

rec 34

„Бизнис циклусите не следат одреден распоред“, коментира Слок. Според него нема знаци дека наскоро ќе бидеме сведоци на рецесија.

„Мора да постои некој шок – или надворешен, или внатрешен за САД, за да западне американската економија во рецесија. Како што се предвидува за кинеската економија. Но во оваа фаза се уште нема докази дека такво нешто ќе се случи“, коментира експертот за „Yahoo Finance“.

И додека американската економија се уште не покажува знаци за забрзан раст, таа расте со стабилно темпо, смета уште Слок.

„Работите се движат во вистинската насока – пазарот на труд се подобрува, потрошувачката расте, сè е нормално во оваа фаза“, коментира аналитичарот.

rec 3555

Со завршувањето на периодот на пресметки за државните компании, тие регистрираа квартал во кој забележаа намалување на профитот, што донекаде е загрижувачко. Рецесија при профитот сепак не се преведува како рецесија за економијата.

„Двата шокови – поевтинувањето на доларот и на нафтата, се факторите кои иницира намалување во добивката на државните компании. Тие сепак не се доволни за создавање на економска рецесија“, заклучува Слок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП