19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кои се главните дестинации на мигрантите?

График на денот: Кои се главните дестинации на мигрантите?

grafik ee1

Луѓето во сиромашните земји од јужната хемисфера се повеќе мигрираат кон побогатите земји, претежно во северните делови на светот, во потрага по подобра економска иднина, коментира „MarketWatch“. Новиот тренд се забрза од почетокот на 90-тите години, покажува најновото истражување на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Не е изненадувачки дека, Австралија, Канада, САД и Северна Европа станаа магнети за имигрантите. Земјите од Персискиот Залив и дури Казахстан, малата, но богата со ресурси земја во централна Азија, исто така се популарни дестинации.

На ист начин бројот на луѓето кои бегаат кон други земји заради војни или репресија е зголемен до највисоко ниво од почетокот на 90-тите години и најверојатно ќе се зголеми уште повеќе.

Иако повеќето мигранти кои ја менуваат својата земја од хуманитарни причини, се насочуваат главно кон соседните земји, сепак поголем дел од нив бараат азил во мирните северни земји. Пример за тоа е плимата кон Европа од луѓе од Сирија и други воено разурнати делови на Блискиот Исток.

Бројот на сите мигранти – без разлика дали причините за миграцијата се економски или хуманитарни, тројно е зголемен од 1960-та година, вели ММФ. А процентот на добро образованите мигранти е двојно поголем, подигнувајќи го проблемот со „одливот на мозоци“ во помалку развиените земји.

На највисокото ниво на имиграција, сепак доведе и до реакции од страна на граѓаните на побогатите земји, кои веруваат дека новодојденците ќе го соборат нивото на плати и ќе им ги одземаат работните места. Имиграцијата е и едно од најзборуваните прашања во САД во пресрет на претседателските избори во 2016-та година.

grafik ee

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП