5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIA открива кои податоци се следат на „поврзаните автомобили“

FIA открива кои податоци се следат на „поврзаните автомобили“

povrzani-vozila

FIA Region I откри дека сопствениците на возила кои се од типот „поврзани автомобили“, треба да имаат право да изберат кои податоци би сакале да ги споделат или пак, потполно право да го исклучат делењето податоци.

Во врска со „поврзаните автомобили“, со оваа кампања се бара заштита на податоците, при што законодавството треба да обезбеди возачите да ја задржат сопственоста на податоците, а нивното користење да биде само преку информирана согласност од страна на возачот.

Се бара и слободен избор, при што возачите треба да имаат право да го изберат давателот на услугите.

Исто така, треба да се овозможи лојална конкуренција, а давателите на услуги треба да имаат право да развиваат безбедни производи и функционалности.

Кампањата „МоеВозило, МоиПодатоци!“ (MyCar, MyData!) и студиите беа лансирани во Европскиот парламент во Стразбур на 24 ноември 2015 година, на коктел организиран од европратеничката Evelyne Gebhardt

Истрагата спроведена на две возила, конвенционално возило на гориво и електрично возило, откри дека податоци за профилот на возачот, локацијата на возилото, должината на патувањето, како и лични податоци од синхронизацијата на мобилните телефони, се следат и повратно се праќаат до производителот. Јавната анкета спроведена со цел да се идентификува степенот на познавање на јавноста, покажува висок степен на заинтересираност за „поврзаните автомобили“. Меѓутоа испитаниците од 12 европски земји, при анкетирањето, пренесоа јасна порака: 90% се изјаснија дека податоците за возилото му припаѓаат на сопственикот или возачот на автомобилот. Токму оваа порака е пренесена на европратениците за време на настанот организиран по повод лансирањето на кампањата „МоеВозило, МоиПодатоци!“ (MyCar, MyData!). Притоа, граѓаните се најмногу загрижени за откривање на приватни податоци (88%), комерцијална употреба на личните податоци (86%), хакирање на возилото и негово следење. 95% од испитаниците веруваат дека постои потреба од посебно законодавство за заштита на податоците на возилото и возачот.

„Постои јасна разлика меѓу податоците кои се следат и оние кои граѓаните навистина се подготвени да ги прифатат кога станува збор за податоци од „поврзаните автомобили“. Треба да се пронајде решение не само за заштита на податоците, туку и за обезбедување на континуирана информираност и слободен избор на даватели на услуги. „Поврзаните автомобили“ се веќе на пазарот, способни да следат и комуницираат приватни податоци за потрошувачите. Сега е моментот креаторите на политиката да завземат цврст став и да ги заштитат потрошувачите“,рече претседателот на FIA Region I, Thierry Willemarck.

„Потрошувачите имаат право да знаат кои податоци ги споделуваат кога го возат својот автомобил. Во моментов, само производителите на автомобили имаат пристап до овие податоци. Европејците заслужуваат да имаат контрола над нивните податоци и давателите на услуги со кои ќе изберат тие податоци ќе ги споделат. Исто така, тие мора да имаат можност да ја исклучат целокупната комуникација“, рече европратеничката Evelyne Gebhardt.

На основа на овие две студии, FIA Region I и нејзините клубови, членки од Европа, меѓу кои и АМСМ, ја започнуваат кампањата „МоеВозило, МоиПодатоци!“ (MyCar, MyData!), со цел зголемување на јавната свест за податоците од „поврзаните автомобили“, донесување соодветна законска регулатива и обезбедување на фер пост-продажни услуги за „поврзаните автомобили“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП