2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на HP паѓаат заради слабата продажба на персонални компјутери

Приходите на HP паѓаат заради слабата продажба на персонални компјутери

hp mp

Приходите на Hewlett-Packard паднале во изминатото тромесечје 9,5 отсто во однос на истиот период лани, на 25,7 милијарди долари, што е последица на слабеењето на продажбата на персонални компјутери и побарувачката за услуги од оваа компанија.

Според бизнис извештајот, чистата добивка на HP, изнесувала во изминатото тромесечје, завршено на 31-ти октомври, 1,32 милијарди долари, додека во истиот период лани била 1,33 милијарди.

Вториот по големина светски производител на персонални компјутери оствари во 16 од последните 17 квартали пад на приходите, што во најголем дел е последица на падот на продажбата на персонални компјутери.

Во изминатиот квартал приходите од продажбата на персонални компјутери и принтери падна околу 14 отсто на годишно ниво.

Продажбата на персонални компјутери во светот веќе подолго време опаѓа, а неодамнешното лансирање на пазарот на новиот Windows 10 засега не успеа да го сврти тој тренд.

Падот на приходите на HP, исто така, последица е и на јакнењето на доларот, заради што паѓаат приходите на компанијата од пазарите надвор од САД, на кои HP остварува речиси две третини од вкупните приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП