3 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 25.11.2015

Дневен хороскоп 25.11.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Подготвени сте да се посветите на некоја нова работа во чии рамки би можеле да најдете нови добри соработници. Верувате дека сте во состојба да убедите некоја Вага или Риба во она што го сакате. Можен е повик од Рак или Бик со кој во последно време често соработувавте.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Преоптеретени сте со размислувања за новата работа или некои обврски кои не сте биле во состојба да ги исполните во рокот. Не би требало да влезете во деловна комбинација со еден Лав ако не сте подготвени со него да се договорите за нешто што ви е важно. Можна е средба со Вага.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Бидете подготвени да се вклучите во некои работи кои изгледаат многу напорни и кои можеби не ви одговараат. Ако ви се допаѓа начинот на соработката со Рак или Риби. Сакате да добиете прилика да се договорите околу работата која би можела прилично многу да ви одговара, особено ако има врска со јавноста.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Потребно е да ги согледате проблемите од реален агол и да не бидете премногу амбициозни кога станува збор за работа која би можела да ви донесе профит и популарност. Соработката со Риби или Јарец ви носи сатисфакција иако работата ќе биде напорна или премногу одговорна. Добро се согласувате со Вага или Бик.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Сонцето во Стрелец во коњукција со Меркур е во добар аспект со Марс и ви носи можности за воспоставување на добри односи со некој кој исклучително го цените. Не би требало да се нервирате ако вашите претпоставени очекуваат да сработите нешто дополнително. Би требало со поголема одговорност да ги прифатите своите обврски.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Нагласеното астролошко поле за работата, парите и бизнисот во носи можност за пронаоѓање на работа која би можела да ви донесе добра репутација. Имате прилика да се сретнете со некој кој е исклучително успешен и подготвен да ви помогне околу некои важни прашања. Не се нервирајте за парите, ќе добиете поволна вест во врска со нив.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Венера и Марс во вашиот знак ви помагаат да ги изразите своите способности бидејќи се во добар апсект со Сонцето или Мекур кои ви носат можности за добра комуникација и побрзо донесување на одлуки. Имате смисла за пишување и уметност. Ако планирате работа со странци, започнете со реализација на идеите што побрзо.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате голема доверба во некој со кој до неодамна сте биле во добри деловни односи. Ако се работи за некој кој во моментов е во странство или преминал во друга компанија, веројатно ќе се обидете да продолжите со комуникацијата. Ако барате работа, можете да најдете нешто што релативно ви одговара.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ова не е поволно време да ризикувате многу во работата, туку е поволно време да се повлечете малку настрана од кругот на пријатели. Некој кој ви е многу посветен ќе биде заинтересиран за вашата работа. Подготвени сте да бидете дел од нешто што може всушност да биде нов голем проект.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Земајки ја во предвид позицијата на Месечината и Плутон ќе оставите позитивен впечаток на другите со својот ентузијазам, енергичност и силата на вашите мотиви. Ако им се спротивставите на соработниците, особено на Водолија или Овен ќе успеете да ги збуните да не знаат што сакале да кажат. Бидете тактични со некој Лав.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе имате забележителни промени во однесувањето. Вашиот мирен и бавен пристап кон работите би можел да ги живцира луѓето околу вас. Не таложете негативна енергија во вас, исфрлете ја преку некоја физичка активност. Ова е еден од оние денови кога треба да се наоружате со насмевка и трпение.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Верувате дека многумина ви завидуваат на успехот или намерно ги коментираат вашите деловни потези. Уверени сте дека некој се обидува да ве надмудри или да ви даде до знаење дека не сте биле фер кон тоа лице. Би било добро повеќе да се одморате и да не си создавате преголеми обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП