18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку чини производството на барел нафта во светот

Колку чини производството на барел нафта во светот

naf 33

Падот на цените на нафтата во светот се одразува добро, како на бизнисот, така и на домаќинствата.

Но сепак не е таква состојбата кај дел од нафтените компании, кои пријавиле намалувања во добивката, а други дури се борат за опстанок.

Еве колку чини производството на барел нафта во топ 20-те најголемите нафтени производители.

Според пресметките излегува дека најскапо е производството во Велика Британија и Бразил, каде приносот на 1 барел нафта се пресметува на 52.50 и 48.80 долари. Малку поевтино е во Канада и САД или 41 и 36.20 долари, како и во Норвешка – 36.10 долари, пишува „CNN Money“.

Околу 35 долари за барел е вредноста на 1 барел добиена нафта и во Ангола и Колумбија, додека првите 10 се дополнуваат со Нигерија, Кина и Мексико. 11-тата позиција според цена за производство на еден барел ја зазема Казахстан со 27.80 долари, а по неа се Либија и Венецуела со 23.80 и 23.50 долари, како и Алжир со 20.40 долари. Под 20 долари е цената во Русија (17.20 долари), како и во Иран и Обединетите Арапски Емирати – 12.60 и 12.30 долари.

Најевтина нафта има во Ирак – 10.70 долари, Саудиска Арабија со 9.90 долари и Кувајт – 8.50 долари. Во меѓувреме стана јасно дека Индонезија ќе се приклучи на ОПЕК како нејзин 13-ти член. земјата, која троши два пати повеќе нафта од количеството што го произведува, и се враќа во организацијата 7 години, откако ја напушти.

pro nafta 33

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП