3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFlipagram - апликацијата која ќе го „изеде“ Instagram? (видео)

Flipagram – апликацијата која ќе го „изеде“ Instagram? (видео)

flip gram 00222222

Апликацијата која беше стартувана во 2013-та година беше на работ на банкрот, но сега со својот голем раст им се заканува на останатите друштвени мрежи, првенствено на „постариот брат“ – „Instagram“.

Имено, „Flipagram“, зa разлика од „Instagram“, на корисниците им овозможува со прикачувањето да комбинираат видеа, синхронизација, фотографии и видео клипови со песни до 30 секунди.

Инаку на крајот на 2013-та година изгледаше дека ќе банкротира, за неколку месеци „Flipagram“ стана најпревземуваната апликација на „iPhone“ во дури 87 земји во светот.

До крајот на 2014-та година, само една година подоцна, „Flipagram“ растеше за околу 30 милиони корисници месечно. На „Facebook“ му беа потребни барем три години за така брз раст на корисници, а две на „Snapchat“.

„Forbes“ наведува дека најголемата предност на „Flipagram“ е фактот дека е многу едноставно да се прикачи видео снимка со должина до 30 секунди, што наскоро ќе биде зголемена на една минута. Покрај тоа, видео содржините на корисниците притоа може да се пребаруваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП