27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната ѝ уплати на Грција две млрд евра

Еврозоната ѝ уплати на Грција две млрд евра

grcija evro

Еврозоната во понеделникот ѝ ја уплати на Грција ратата од две милијарди евра, како што беше ветено, откако оваа земја ги исполнила условите барани во рамките на третиот пакет надворешна финансиска помош кој беше одобрен летово, соопшти Европскиот механизам за стабилност (EMS).

Споменатата сума ќе биде искористена во прв ред за враќање на колосалниот грчки долг, за плаќање на заостанатите побарувачки и за кофинасирање на проекти коишто се финансираат од структурните фондови, се наведува во соопштението на EMS.

Грција во декември мора да му исплати на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) 1,244 милијарди евра во три рати, на 7–ми, на 16-ти и на 21-ви декември.

Оваа исплата е дел од планот за тригодишната помош во износ од 86 милијарди евра, којашто грчкиот премиер Алексис Ципрас и покрај противењето мораше да го прифати, за да го спречи банкротот на Грција и нејзиното излегување од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП