3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов уникатен смартфон во плановите на ZTE

Нов уникатен смартфон во плановите на ZTE

zt ramka 33

Кинескиот производител на паметни телефони, кој стекнува сериозна популарност на американскиот пазар – „ZTE“, планира да претстави нов паметен телефон без рамки.

Моделот, кој се очекува да се нарекува „ZTE Nubia Z11“, се очекува да е со технологијата „Frame Interactive Technology“, овозможувајќи контрола со одредени гестови, упатени кон страничната рамка на уредот. Рамката на уредот ќе биде покриена со заоблено стакло наместо од пластика или метал.

Во однос на техничките карактеристики, моделот „ZTE Nubia Z11“ ќе е со 5.2-инчен дисплеј со резолуција од 1.440 х 2.560 пиксели и заситеност од 565 точки на инч. Процесорот се очекува да е најновиот „Snapdragon 820“, а оперативната меморија да е во износ од 4 GB. Исто така смартфонот ќе е опремен со сензор за отпечатоци.

На задната страна смартфонот ќе има 20,7-мегапикселна камера, додека предната ќе е 13-мегапикселна.

Овој уред со високи технички карактеристики се очекува да им биде на располагање на корисниците на почетокот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП