23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes не сака да заостанува - модел на водород веќе во 2017-та

Mercedes не сака да заостанува – модел на водород веќе во 2017-та

vod mece

Технологијата со водородни горливи ќелии веќе најде примена во сериските модели кај одредени производители, пред се во Јапонија. „Mercedes“ не сака да загуби приклучок и најавува продукциски автомобил на водород за 2017-та година.

Шефот на „Mercedes“ на истражувачко-развојното одделение, Томас Вебер, вели дека во подготовка е автомобил со водородни горливи ќелии кој ќе има автономија на движење до 600 km, додека резервоарот ќе може да се наполни за само три минути.

Иако претходно прототип на „Mercedes“ на водорот беше заснован на „B Сlasѕ“, се очекува дека сериската верзија ќе биде базирана на „SUV“ моделот „GLC“ (некогашниот „GLK“).

vod mece1

Моделот на „Mercedes“ на водород би требало да има премиера на саемот за автомобили во Франкфурт во септември 2017-та, a на пазарот ќе го дочекаат најмалку два јапонски модели со ист погон, но од различен автомобилски сегмент – „Toyota Mirai“ и „Honda Clarity Fuel Cell“.

Возилото ќе биде понудено на купувачите во ракмите на специјална лизинг програма, а се проценува дека неговата цена ќе изнесува околу 70.000 eвра.

Дека сериозно планира сериски модел на водород, „Mercedes“ го најави тоа и низ футуристичките концептни автомобили, „F 015 Luxury in Motion“ и „Vision Tokyo Concept“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП