Последната генерација на „Porsche 911“ – серија „991“, неодамна беше „освежена“, но во германската компанија веќе работат на следната генерација на моделот. Тој ќе се нарекува „992“ и ќе се појави во 2018-та година, пишува весникот „Drive“ кој што објави фотографии од тестовите од прототипот на моделот.
Главната новина кај него ќе биде појавата на хибридна модификација која ќе може да се полни од електричната мрежа и ќе излезе на пазарот во 2019-та година. Во „Porsche“ сепак се уште не го решиле проблемот со поставување на погонскиот агрегат, признава одговорното лице за хибридните системи на брендот Манфред Шурман.
Неодамна компанијата го претстави тркачкото купе „911 GT3 R Hybrid“, кај кое уредот за чување на кинетичката енергија, е поставен на местото на патникот до возачот, но оваа опција е незамислива за цивилната верзија. Освен за електромоторите, инженерите на „Porsche“ мора да бараат исто така место за електрониката и за батериите на возилото.
Според главниот инженер на брендот, цитиран од „Tech Times“, една од можните опции за решавање на проблемот е зголемувањето на широчината на каросеријата и откажување од стандардниот систем за погон на четири тркала. Тој ќе биде заменет од електричниот, така што електромоторите ќе бидат поставени на предната оска.