1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus бара купувач за една од своите единици

Airbus бара купувач за една од своите единици

airbasss222

„Airbus“ планира да најде купувач на својата единица за електроника за одбрана до крајот на 2015-та година, објави извршниот директор на компанијата Том Ендерс за германскиот весник „Frankfurter Allgemeine Enders Sonntagszeitung“ (FAS).

„Процесот за продажба на одделот за електроника за одбрана е во тек, а ние сакаме најдеме купувач до крајот на годината“, коментира тој.

Најголемиот европски производител на авиони „Airbus“ во моментов продава дел од својот бизнис, за да се фокусира на делот да произведува воени авиони, ракети и сателити, пренесува „Ројтерс“. Неодамна компанијата изјави дека не очекува продажбата на понудените единици да заврши пред 2016-та година.

Две лица запознаени со ова прашање, тврдат дека конечните понуди за бизнисот со електроника за одбрана, кој би можел да донесе 1 милијарда евра, ќе продолжат до почетокот на следниот месец.

Изворите се изјасниле за „Ројтерс“ дека германската група за одбрана „Rheinmetall“ е обединета со „Blackstone“, за да конкурираат за единицата. За него тие ќе се натпреваруваат со приватните инвестициски групи како „Cinven“, „Carlyle“ и „KKR“, како и со француската „Thales“. Ендерс тврди дека „FAS“ ќе ја разгледа продажба на странски купувач.

„Ако продаваме нешто треба да добиеме најдобра цена за него“, коментира тој.

Единицата произведува компоненти за радари и технологии за гранична контрола. Таа има околу 100 милиони евра годишна добивка пред камата, даноци, депресијација и амортизацијата при 1 милијарда евра продажба.

Производите се користат за набљудување и за опрема која им помага на пилотите да летаат во магла или во текот на ноќта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП