20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе планира изградба на нова највисока зграда во светот

Се планира изградба на нова највисока зграда во светот

deezen

Облакодерот во Ирак може да се претвори во највисоката зграда во светот, информира „Dezeen“.

deezen1

Проектот, чие име е „Bride tower“ се очекува да се издигнува на 1152 метри надморска височина. Дизајнерите од „AMBS Architects“ го опишуваат како „првиот вертикален град во светот“. „Bride tower“ ќе се наоѓа во Басра и ќе има 241 спрат.

deezen2

Рекордот за највисока зграда во светот го држи Бурџ Калифа во Дубаи со нејзините 828 метри. До 2019-та година во Саудиска Арабија се очекува да биде завршена изградбата на „Kingdom Tower“. Облакодер се очекува да се издигнува на 1008 метри, а изградбата е веќе во тек.

deezen3

Проект за над 1000 метри облакодер има и во Азербејџан, каде „Azerbaijan Tower“ се очекува да се издигнува на 1050 метри. Проектот ќе е во вредност од 100 милијарди долари и ќе се наоѓа во близина на Баку.

deezen4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП