28 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Nissan GT-R нема да пристигне пред 2020-та година

Новиот Nissan GT-R нема да пристигне пред 2020-та година

gtr model 3

Јапонскиот производител откри дека актуелниот „GT-R“ (R35) нема да биде земенет со нов модел барем до крајот на оваа деценија.

Директорот на „Nissan“ зa Aвстралија, Ричард Емери, изјави во едно интервју дека новиот „GT-R“ не е во плановите на јапонската компанија за следните неколку години.

Тој прецизираше дека сигурно нема да го видиме наследникот на актуелната верзија, ниту во 2018-та, ниту во 2019-та, а во најдобар случај новата генерација ќе биде лансирана во 2020-та година.

Првично се говореше дека „GT-R“ ќе пристигне на пазарот во 2017-та, за подоцна во медиумите се појави информација дека автомобилот ќе биде претставен во 2018-та, но најновата изјава на еден од челниците на „Nissan“ ги демантираше претходните вести.

Според извори блиски со производителот, развојниот процес на моделот наместо во Јапонија се одвива во Северна Америка и Европа.

Додека новиот „GT-R“ не биде поготвен, сегашната верзија ќе претрпи одредени подобрувања, кои ќе бидат претставени во 2016-та или 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП