23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкарите советуваат: Купувајте долар, рубља и пезос!

Банкарите советуваат: Купувајте долар, рубља и пезос!

world-currency-map-972

Вредноста на доларот во 2016-та година ќе зајакне, инфлацијата во САД ќе забрза, а мексиканската валута пезос и руската рубља ќе остварат раст, предвидуваат од „Голдман Сакс“.

Поради таа причина, американската банка препорачува купување на американскиот долар, рубљата и мексиканскиот пезос, наместо јужноафриканскиот ранд и чилеанскиот пезос.

Според проекцијата на банката, доларот во 2016-та година ќе се зајакне во однос на еврото и јуанот, откако оваа година регистрираше скок во вредноста кон сите светски валути, а како што наведува „Блумберг“ тоа е последница на политиката на ФЕД и нејзиното приближување за подигнување на каматната стапка.

Во исто време, Европската централна банка и Централната банка на Јапонија продолжија со зголемување на монетарниот стимул.

Меѓу идеите на експертите на „Голдман Сакс“ е и дека инвеститорите ќе купуваат американски обрврзници кои се поврзани со инфлација.

Минатата година, оваа њујоршка банка прогнозираше дека еврото ќе падне на 1,15 долари во период од една година, за потоа во најголемиот дел од оваа година вредноста на единствената европска валута беше под тоа ниво, дури и го надминуваше предвидувањето на „Голдман Сакс“, во март го достигна 12-годишниот минимум од 1,0458 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП